Македонската берза лани регистрира помал промет за речиси 40 отсто во однос на 2022 година 

Бројките кои деновиве се објавени на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност, сублимирани во Годишниот билтен за 2023 година покажуваат дека вкупниот промет што е направен на берза лани бил 4,6 милијарди денари или околу 75 милиони евра, а најголемиот дел се во блок-трансакции кои достигнале вредност од околу 2,3 милијарди денари. Берзанските анализи на прометот на пазарот на капитал по месеци покажуваат дека најуспешен месец за инвеститорите е април со речиси 16 милиони евра. Инвеститори најмногу биле заинтересирани за акциите на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид“ и за „Гранит“.

377

Во Македонија инвестициите во хартии од вредност и годинава не се на задоволително ниво. Причина за тоа според берзанските аналитичари е што овие инвестиции веќе не се така атрактивни ниту за домашните ниту за странските инвеститори. Но тоа не беше така пред десетина години кога Македонската берза за хартии од вредност достигнаа експанзија и ги живееше најубавите години.

Потврда за овие состојби се и бројките кои се објавени на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност сублимирани во Годишниот билтен за 2023 година. Статистиката вели дека вкупниот промет што е направен на Македонската берза лани бил 4,6 милијарди денари или  околу 75 милиони евра, а најголемиот дел се во блок-трансакции кои достигнале вредност од околу 2,3 милијарди денари. Индексот  МБИ 10 достигнал вредност од 6.116,23 индексни поени што претставува раст од 8,21 отсто споредено со 2022 година.

Берзанскиот промет во 2022 година бил 121 милион евра. Пад  е регистрира и кај бројот на трансакциите и тоа од 30,66 проценти, а кај падот на тргувањето со обврзници дури за 60 проценти. Кај  бројот на трансакциите има намалување од 17.274 во 2022 година на 11.978 во 2023 година. Но ако се анализира вкупниот промет на Македонската берза во 2023, во однос на 2022 година тој  бележи пад од 37,97 проценти.

Берзанските анализи на прометот на пазарот на капитал по месеци покажуваат дека најуспешен месец за инвеститорите е април со речиси 16 милиони евра. Во април реализирано е повеќе од петтина од прометот на Берзата за цела година. Соледен бил берзанскиот промет и во месец септември, но и во март, мај и јуни. Инвеститори најмногу биле заинтересирани за акциите на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид“ и за „Гранит“.

За некои компании ланското тргување на берзата и не било така лошо, а во топ трите најтргувани акции лани биле на Комерцијална банка, во вредност од 19 милиони евра, „Алкалоид“ во вредност од 8 милиони евра и НЛБ банка во вредност од 5 милиони евра. Интересен е податокот што некои хартии од вредност лани растеле, а други паѓале. Така од 21,8% до 53,2% има зголемување на вредноста на една акција кај  одредени акционерски друштва. Кај „Оранжерии Хамзали“ Струмица акциите регистрираат раст на просечната цена од дури 53,2%. Со раст на просечната цена на акциите може да се пофалат и „Окта“ и трите најголеми банки во земјава.

Вредноста, пак, на акцијата на Друштвото за меѓународен транспорт и шпедиција ЖАС Скопје се намалила за дури 91,29 проценти. Голем пад има и кај „Единство“ од Струмица од 73,6 проценти, како и Централна кооперативна банка чија акција загубила 41,67% од цената.

Македонската берза и покрај намалениот пад на прометот  регистрира раст  од скоро осумпроценти кај пазарната капитација. Таа на крајот на 2023 година  таа достигнала вредност од  231.354.679.050 денари.

Домашните физички и правни лица лани најмногу купувале акции. Само за споредба во колачот нивниот удел е 97,5 осто наспроти 2,5 остро странски купувачи. На страната на продажбата на акциите состојбата е речиси идентична. Повторно доминираат домашните правни и физички лица. Лани на пазарот на капитал немало ниту една јавна берзанска аукција.

Но, пазарот на хартии од вредност успешно ја стартуваше Новата 2024 година. Така во јануари вкупниот промет на Македонската берза изнесувал 453,3 милиони денари што пак е околу 7,3 милиони евра. Тоа е зголемување од 38,9 проценти во однос на остварениот промет во декември 2023 година, којшто изнесувал 326, 2 милиони денари или 5,3 милиони евра.

Во јануари  како што се гледа во месечниот извештај на  берзата има пораст од 33,4 проценти во тргувањето со акции во однос на декември, а во истиот период има зголемување од 23,7 проценти во тргувањето со обврзници. Кај пазарната капитализација исто така  има зголемување од 5,1 проценти.

(В.Ма.)