Министерот за економија Крешник Бектеши во обраќањето на меѓународната конференција на министрите за енергетика од Западен Балкан, заедно со нивните колеги од Украина, Турција и Азербејџан, истакна дека дека учесниците во Софија се исправени пред воената агресија на Русија во Украина која предизвикува големи загуби за сите.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бектеши посочи дека Северна Македонија е вклучена во сите регионални иницијативи со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето со гас и да се диверзифицираат местата од кои го добива. Министерот Бектеши се заблагодари за поддршката на ЕУ за Северна Македонија во последните години за реформите во енергетскиот сектор со цел изградба на нови интерконектори кои ќе придонесат за поголема мрежна поврзаност не само во регионот, туку и со остатокот од Европа.
Тој каже дека е во финална фаза почетокот на изградбата на интерконекторот со Грција, како и дека се водат преговори со Бугарија за изградба на уште еден конектор. Додаде дека Северна Македонија моментално се снабдува со гас од само еден гасовод од Бугарија од руската компанија Гаспром. Според него, новите интерконектори ќе се намали зависноста од гас од Гаспром.
Северна Македонија ќе учествува во регионалната „таск форс“ за снабдување со гас, што ќе биде одлична можност за земјата.
Министерот Крешник Бектеши во Софија имаше билатерални средби со министрите за енергетика на Украина Герман Галушченко, на Грација Константинос Скрекас и на Србија Зорана Михајловиќ.