Секоја песна беше испратена со огромно ракоплескање. Доказ дека на овој народ му недостасуваат ваквите мелодии, во ново музичко руво. Но, само треба на некој да му текне, да го „спакува“ онака како што доликува. На едно светско уметничко ниво. Тоа и текна на харизматичната Бока (Бојана Скендеровски) која мајсторски го претвори сонот во јавето. Алал вера да и е! Овие песни во овие турбулентни времиња го потврдуваат македонскиот идентитет. Доказ дека гордите Македонци ја имаат своја светла историја, а ја имаат и светлата иднина на овие зовриени балкански простори
Сега и олесна на Бојана Скендеровски. Лавицата лавовски издржа до самиот крај! Со големиот музички проект насловен како “Македонијо, во срце те носиме“. А, крајот, финалниот концерт се случи таа декемвриска ноќ пред значаен македонски празник Свети Климент Охридски. Во преполаната сала на “Македонската филхармонија“ се “пукаше“ од гламур и носталгични патриотски рефрени. Од песните за кои нема ограничен временски рок на траење. Безвременските хитови во кои се пее за мајка Македонија, беа исполнети со огромна љубов на голем број наши познати и сакани пејачи: Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Андријана Јаневска, Огнен Здравковски, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Сузана Спасовска, Мина Блажев, Миле Кузмановски, Марија Спасовска, Панчо и Андреј од “ДНК“, Александар Тарабунов…..
–
На завршниот концерт присуствуваше речиси целиот државен врв. Од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, до бројни министри и претставници на политичкот и културниот живот. Министерот за култура Господинот Зоран Љутков даде максимална поддршката за целиот проект,а во сабота навечер и тој самиот вистински уживаше во сите исполнети песни…. (“Налеј, налеј“, “Заветна“, “Народе македонски“, “Едно име имаме“, “Земјо Македонска“, “Ој, Вардаре“, “Оган да го гори“, “Послушајте патриоти“, “Ми заплакало село Ваташа“, “Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов“…), меѓу кои беа и три ново-подготвени: “Молитва“, “Како Пиреј“ и “Има една земја сонце што ја грее“.
-Од моментот кога ми се роди идејата да се создаде ваков проект, станав горда не само на себе, туку и на останатите учесници мои колеги од естрадата за кои се одлучив. Горда на сите кои не поддржаа. Се подразбира горда и на новинарите, на медиумите од Македонија! Искрена да бидам, кога ќе се сетам на првата прес конференција некаде пред топлото лето, кога го најавивме проектот бев малку преплашена. Не се сомневав во целиот тим, туку пријатно изненадена во фактот колку нашиот народ ја сака македонската музика. Особено патриотските песни! Во текот на турнејата и на лице место низ повеќе градови и на еден концерт во Швајцарија се уверив дека не само што Македонците си ја сакаат татковината и на овој начин преку песните, туку целиот проект си дојде на своето.
Би кажала, можеби во инает на оние што се вели “неверните Томи“ кои се сомневаа во ова што го правев. Сакав со колегите да им го продолжам векот на песните, да ги доближиме до младите луѓе, кои, за жал, сè поретко растат со македонска музика, поради нездрав агресивен наплив на странската музика. Затоа мораме да се бориме на свој начин. Борбата на нас пејачите е токму ваква: со патриотска македонска песна – вели искрено за весникот ВЕЧЕР, веселата Бојана Скендеровски. И, додаде уште нешто, можеби и посилно:
Мојот детски сон се исполни, им благодарам на сите што ми го овозможија тоа. Се заблагодарувам на сите кои беа на сцената во Македонската филхармонија, на маестрото Николче Мицевски кој душата ја остави во секоја нота, на прекрасниот и голем диригент, маестро Сашо Татарчевски, на големиот оркестар од врвни музичари, кои на секој пејач беа ветар во грб, на Дејан Лилиќ кој не водеше низ концертот “Македонијо во срце те носиме“.
На мојата “Скендеровски продукција“, а без да ми замерите, секако и на мојот сопруг Васко, кој беше главниот крвоток на овој наш проект, како и на моето семејство. Благодарам и до моите прекрасни колеги. Особена благодарност до мојот македонски народ кој го заслужи се ова.
Благодарност и до сите медиуми кои без двоумење ја подржуваа оваа нашата музичко-патриотска приказна.
Се забележа дека на лицето ми лизнаа солзи радосници, затоша што искрено сакав да успеам. И сигурна сум дека успеав, како идеен творец!
Публиката која беше присутна уживаше во песните. Секоја од нив ја испрати со огромно ракоплескање. Доказ дека на овој народ му недостасуваат ваквите мелодии, во ново музичко руво. Но, само треба на некој да му текне тоа да го понуди, да го “спакува“ онака како што доликува. На едно светско уметничко ниво.
–
–Тоа и текна на харизматичната Бока (Скендеровски) која мајсторски го претвори сонот во јавето. Алал вера да и е! Бидејќи овие песни во овие турбулентни времиња кога често се негирааат македонскиот народ, македонскиот јазик, а се крадат и препејуваат на туѓи јазици, се потврди дека гордите Македонци имаат своја светла историја. Имаат и иднина, го имаат и своето музичко творештво. Песни во кои се опејува вистината за светата земја Македонија!!!
Снимката од целиот овој убав концерт ќе биде наскоро емитувана во деновите на православните Новогодишно-божиќни празници на фрекфенцијата на ТВ Алфа.
Дуле Миќиќ