„Македонија треба да размисли за воспоставување подобар систем за потрага по исчезнати деца“

145

По убиството на Вања Ѓорчевска, основачот на фондацијата „Тијана Јуриќ“, Игор Јуриќ, за ТВ ПИНК изјави рече дека како татко чија ќерка доживеа слична судбина, бил длабоко потресен, како и дека следел секој ден што се случувало во врска со потрагата по девојчето.

– Како човек кој денес води организација која се занимава со исчезнати деца, исчезнати лица, она што особено ме потресе е тоа што ја добивме информацијата дека таткото е вмешан во тоа – рече Јуриќ.

Тој додава дека толку многу сака да слушне дека тоа не е вистина. Како што вели, не може да најде зборови ниту разбирање за таков гест.

– Ако зборуваме за родител кој го изневерува своето дете и го продава на таков брутален начин, тогаш тоа е нешто што не само што не може да се прости, туку мора да се казни – рече Јуриќ.

За жал, вели тој, сведоци сме дека има луѓе кои се подготвени да ги жртвуваат своите деца и дека немаат тпречки да дојдат до некоја корист.

– Мислам дека Македонија треба да размисли за воспоставување подобар систем за потрага по исчезнати деца – рече Јуриќ.