Македонија топ-дестинација за „Нешнл географик“ по заслуга на Преспанскиот договор

62

Преспанскиот договор и решавањето на спорот со Грција го привлеко вниманието на „Нешнл географик“ пред да одлучи Македонија да ја стави во топ-28 дестинации за патување во 2019-та, велат од таму за Гласот на Америка.

Ова го потврдува уредничката на магазинот, Ејми Алипио,  која потврди дека критериумот не е лесен и претходно се прави осумгодишна анализа пред да се донесе одлуката за влез во изборот.

„Всушност Македонија беше на нашиот радар во последните неколку години. Секогаш бараме места кои можат да се опишат во суперлатив. Оваа година Македонија ни го привлече вниманието и со дебатата за промена на името. Македонија ја сместивме во категоријата на авантуристички дестинации, иако земјата има многу археолошки, историски и културни богатства, сакавме да ја нагласиме нејзината авантуристичка страна,“ вели Алипио за Гласот на Америка на македонски.

Неодамнешните вести за долготрајниот спор на Македонија со Грција го свртија вниманието кон малата балканска нација, пишува во најновото издание на Национална географија кое ја предлага Македонија како една од 28 дестинации за најдобрите патувања во 2019 година

Покрај Македонија, на листата се егзотични земји како Мексико, Сенегал, Бразил, Нов Зеланд, Колумбија, но и онакви со умерена клима како Швајцарија и Германија.