Македонија со свој претставник: Пијанистот Мустафаоглу на натпревар во Франција

44

Младиот пијанист од Македонија Арда Мустафаоглу идниот месец ќе биде меѓу дванаесет пијанисти учесници на 18. Меѓународен пијанистички натпревар “Piano campus„, кој од 15 до 17 февруари ќе се одржува во Понтоаз, Франција.

Тоа ќе биде првпат македонски пијанист да настапи во Регионалниот конзерваториум и на Новата национална сцена во тој француски град. Се работи за еден од најголемите пијанистички натпревари во Франција, кој традиционално се одржува од 2002 година. Учесници се пијанисти од целиот свет на возраст од 16 до 25 години.

Шеснаесетгодишниот Мустафаоглу обезбеди учество меѓу дванаесетте пијанисти кои ќе се натпреваруваат во двете етапи.