Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз на првиот натпревар од вториот „балон“ (трет меч) кој се игра во Перм, Русија, откако попладнево загуби од подмладената Италија со 92:84.

„Црвено – жолтите“ одиграа одлично во првите три четвртини, на полувреме заминаа со два поени предност (43:41), но не издржаа до крај, откако последната четвртина ја загубија со 29:20.

Италијанците го покажаа својот квалитет од линијата за три поени, од каде постигнаа 14 тројки, за разлика од нашите седум.

Најефикасен на натпреварот беше Ненад Димитријевиќ со дабл-дабл ефект од 24 поени и 12 асистенции, а зад него беше Вајли со 17 коша. На спротивната страна, во победничкиот тим се истакна Теситори со 18 коша.

Македонија утре ги продолжува квалификациите со дуелот против русија, меч кој ќе се одигра во истиот термин (15:30 часот).