Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од Средоземјето, денес околу полноќ кон утрешниот ден, понеделник, во Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд, додека на планините, а во западните предели и на повисоките места (околу 1000 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег, стои во последната прогноза на Славчо Попоски.
На планините и на Скијачките центри снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Пообилни врнежите ќе бидат во западните предели ( ќе наврне воден талог и до околу 20 литри на метар квадратен).
Во Скопје и околината исто така денес (недела) попладне и навечер ќе има нови врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од југоисточен правец. На околните повисоки планини ќе врне снег.
По полноќ и утре (понеделник) претпладне и околу пладне ќе биде претжено суво, а нови повремени локални врнежи од дожд и снег на палнините над 1500 метри надморска височина ќе имаме ќе имаме утре (понеделник) доцна попладне и навечер, а особено во вторник.
Што се однесува до температурите, во текот на утрешниот ден, понеделник, преку ден ќе биде потопло со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Наутро пак утре (понеделник) ќе имаме повисоки минимални температури и тоа поради пооблачното време, и истите ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени.
Во текот на новата седмица, за Македонија Попоски прогнозира променливо време со сончеви периоди. Ќе има услови и за повремен локален слаб дожд, а на планините ќе провејува слаб снег.
Сепак во текот новата седмица во котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, која понекаде, особено во Скопскиот регион и во котлините Долж Повардарието ќе се задржи и во поголемиот дел од денот и истата ќе условува пониски температури на воздухот.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, локално и под нулата, особено на повисоките и планинските места, додека максималните дневни температури ќе бидат пониски, особено од средината на седмицата кога ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
Во Скопскиот регион температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени.
Се на се, во текот на седмицата која ни претстои не се очекуваат некои нови пообилни врнежи од дожд и снег, освен од средината на истата кога ќе бидеме под влијание на поладен воздух од север, пишува метеорологот во својата последна прогноза за времето.