Македонија му зема мерка и на Бахреин, Гонзалес им даде шанса и на помладите

60

Ракометарите на Македонија ја забележаа и втората победа во второто коло од групната фаза на Светското првенство во Герменија и Данска, откако овој пат беа подобри од селекцијата на Бахреин со 28:23.

Македонија на почетокот почна во мал грч, но по девет минути игра дојдоа до предност од 6:2. Потоа, нашите ракометари имаа голем пад во играта каде не можеа да постигнат гол единаесет и пол минути во кои противникот направи серија од 5:0 и го превзема водството (7:6). Сепак до крајот на помувремето избраниците на Раул Гонзалез повторно се вратија во ритам и на пауза заминаа со предност од четири погодоци (12:8).

По само шест минути од второто полувреме Македонија дојде до позитива од шест погодоци (15:9), а на средината од вториот дел и до најголемата разлика до плус седум (21:14), што беше комотна предност за селекторот Гонзалез да им даде шанса на помладите ракометари.

Најефикасен во победничкиот тим беше капитенот Кирил Лазаров со осум погодоци, по четири постигнаа Филип Кузмановски и8 Дејан Манасков, додека Мартин Поповски и Филип Талевски реализираа по три гола. На голот солидна партија имаше и Борко Ристовски со седум интервенции.

Следен противник за „црвено – жолтите“ е селекцијата на Хрватска, меч кој ќе се одигра утре во 18 часот.