Ракометарките на Македонија одиграа нерешени 25:25 (12:15) против селекцијата на Турција во второто коло на Европското првенство. По голема борба и драма во Дебрецен, натпреварот заврши со поделба на пленот на двете селекции. Македонија има и за што да жали, бидјеќи испушти шанси за триумф, но исто така можеше и да загуби.

Сара Ристовска беше прогласена за ракометарка на натпреварот, постигна осум погодоци, а кај Турција се истакна Емине Гокдемир со еден помалку. Кај голманките Јована Мицевска имаше седум одбрани, додека Ербекташ на спротивната страна девет.

ИЗДВОЕНИ