Македонија и се реваншираше на Грција и како првопласирана оди на ЕП

179

Македонската ракометна репрезентација славеше на последниот квалификациски натпревар против Грција (27-23), и го завери првото место во својата група и ќе биде во подобра позиција за ждрепка за ЕП 2020.

Дваесетина минути траеше отпорот на гостите, кои имаа и три гола предност, но Македонија успеа да се врати, уште во првото полувреме направи пресврт, а потоа во вториот дел рутински ја запечати победата, четврта на шесте одиграни натпревари во овој квалификациски циклус.

Најефикасни во македонската репрезентација беа Кире Лазаров, Филип Талески и Жарко Пешевски со по пет гола, а блескаше Никола Митревски на голот, како и секогаш кога добива шанса.

Своите противници за континенталниот собир во јануари 2020 година ќе ги дознае на 27 јуни.

фото: П. Стојановски