Отсуството на капитенот Гудјон Валур Сигурдсон не го намалува оптимизмот во репрезентацијата на Исланд за пласманот на СП во Германија и Данска. Исланд ќе биде последен противник на Македонија во групата Б во Минхен, а токму овој дуел според многу проценки ќе биде решавачки во борбата за пласман во втората фаза од СП.
Логи Геирсон, поранешниот реопрезентативец на Исланд, верува дека неговата репрезентација ќе биде трета во групата и ќе игра во втората фаза. Меѓудругото, Геирсон предвидува дека Исланд сигурно ќе ја победи Македонија, а можеби и Хрватска…
- Сигурен сум дека ќе бидеме трети. Македонија игра многу лошо. Знам дека Гуми (селекторот Гудмундур Гудмундсон) ќе ми се налути кога ќе го прочита ова, но јас сум сигурен дека ќе завршиме трети. Можеме дури и на Хрватска да и зeмеме бодови во првиот натпревар – сигурен е Геирсон.
Македонија и Исланд ќе играат на 17 јануари.