Македонија е најмирољубива земја на Западен Балкан

624

Исланд и понатаму е најмирољубивата земја во светот, покажува најновиот Глобален индекс на мирот (GPI) за 2023 година, а Македонија се најде на 38-мо место од 163 земји со индекс 1.713. Од земјите на Западен Балкан, Македонија е пред сите држави на листата. Така, Албанија е 40-та, Црна Гора 45-та, БиХ 61-ва, Србија е на 65-то место, додека Косово е 70-то.

Индексот, познат како GPI, рангира 163 независни земји според нивното ниво на мир, а е изработен од Институтот за економија и мир (ИЕП). Се мери нивото на социјална сигурност, степенот на тековните домашни и меѓународни конфликти и степенот на милитаризација во земјата.

Според листата, Данска ја потисна Ирска на второто место, а во исто време, Нов Зеланд напредуваше за две места, и е на четвртото место, стигнувајќи ја Австрија, која падна на петтото место.

Извештајот на „GPI“ рангираше 163 независни земји според нивното ниво на мирољубивост, а е изработен од Институтот за економија и мир (ИЕП). Се мери нивото на социјална сигурност, опсегот на тековните домашни и меѓународни конфликти и степенот на милитаризација во земјата.

Во изминатата година, 84 земји забележаа подобрување на листата, додека 79 земји забележаа влошување на мирот. Сепак, резултатите од GPI покажуваат дека светот станал помалку мирен во последните 15 години.