Економскиот експерт Павле Гацов на својот ФБ-профил објави официјална табела за растот на јавниот долг. Така, за последните 5 години, јавниот долг зголемен за високи 3 милијарди евра. Анализирано по години во 2018 државниот долг бил 5,2 милијарди евра, потоа во 2019 година достигнал 5,5 милијарди евра, а во 2020 година тој се искачил на 6,4 милијарди евра,за да во 2021 година сме се задолжиле до 7,1 милијарда евра. Според официјалната табелата во 2022 година долгот достигнал 7,7 милијарди евра за да годинава се доближи до речиси осум милијарди или 7,9 милијарди евра.

 

 Ако задолжувањето на владата се спореди со  задолжувањето на едно просечно македонско семејство,тоа би било вака: Ако семејството има годишен приход од 6.000 до 8.000 евра, а е во долг 60 отсто од она што го заработил, односно  три, четири или пет илјади евра значи дека недомаќински  располага со  домашниот буџет. Семејството троши многу повеќе отколку што реално има на располагање и се задолжува 

 

 

 

Македонија должи околу 7,9 милијарди евра, доближува до осум милијарди евра, велат последните статистички податоци. Тоа е над 60 отсто од бруто-домашниот производ. По дефиниција јавниот долг е државниот долг што го  должи државата, јавните претпријатија, општините, претпријатијата во државна сопственост, Народната банка. Според критериумите на Светска банка, земјите кои имаат јавен долг до 60 отсто од БДП се умерено задолжени, а кога ќе се надмине тој праг, земјата спаѓа во категоријата висока задолжена.

Економскиот експерт Павле Гацов потсетува дека изминативе години јавниот долг во Македонија е во постојан раст.

-Зголемувањето на јавниот долг е во залет. За последните 5 години јавниот долг зголемен за високи 3 милијарди евра. Анализирано по години, во 2018 година, државниот долг бил 5,2 милијарди евра, потоа во 2019 година достигнал 5,5 милијарди евра,а во 2020 година тој се искачил на 6,4 милијарди евра,за да во 2021 година сме се задолжиле до 7,1 милијарда евра- пишува Гацов на својот ФБ-профил.

Според официјалната табела во 2022 година, долгот достигнал 7,7 милијарди евра за да годинава се доближи до речиси осум милијарди или 7,9 милијарди евра.

На табелата се гледа и драстичен раст на буџетскиот дефицит, а од друга страна забавува растот на БДП. Овие официјални бројки ја вознемирија македонската јавност и развија на социјалните мрежи  бурна реакција, бидејќи токму јавниот долг кажува многу за домашната економија. Јавноста смета дека тоа се должи на неуспехот на македонските економски политики. Најголемото задолжување е регистрирано во периодот на пандемијата со ковид-19 од 2020 до 2022 година, кога јавниот долг за две години пораснал за околу две милијарди евра.

Како едноставен пример задолжувањето на владата да се спореди со  задолжувањето на едно просечно македонско семејство. Ако тоа има годишен приход од 6.000 до 8.000 евра, а е во долг 60 отсто од она што го заработил, односно три, четири или пет илјади евра значи дека недомаќински располага со домашниот буџет. Семејството троши многу повеќе отколку што реално има на располагање и се задолжува.

Тие наведуваат дека ако во 2000 година буџетот бил милијарда долари, сега во 2023 година е над 3,6 милијарди долари. Трендовите кај Буџетот и јавниот долг кажуваат многу за неуспехот на македонските економски политики… Инаку годишниот буџетски дефицит се однесува на разликата меѓу владините приходи и расходи во текот на една година.

Статистиката исто така  покажува дека во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт јавниот долг на Македонија изнесувал 1,8 милијарди евра или 33 отсто од БДП-то. Во 2017 година кога се смени власта државата должеше 4,7 милијарди евра, односно 47, 7 отсто од БДП-то. За 11 години долгот пораснал за речиси три милијарди евра. Во првите две години јавниот долг се намалуваше, потоа следуваше светската економска криза, кога јавниот долг се зголеми. Во 2016 кога јавниот долг ја надмина границата од 50 отсто од БДП и кога експертите предупредуваа дека задолженоста е на опасна граница, СДСМ најави ревизија на сите задолжувања, обвинувајќи дека тогашната владината политика ги става и сегашните и идните генерации во должничко ропство.

Министерот за финансии Фатмир Бесими потегна иницијатива  неговото министерство да го изготви Законот за буџети, со цел да се стави поголем ред кај јавниот долг,односно пропишува лимит за државниот долг. Според Бесими, долгот на општата влада од лани од кога е донесен законот се ограничи на 60 отсто од БДП, и гарантираниот долг на 15 отсто од БДП, односно вкупниот јавен долг на земјата да не надмине 75 отсто од БДП. Во закон за буџети се дефинира и буџетскиот дефицит да не надмине ниво од 3 проценти од БДП.

Државниот долг на секоја земја, па и на Македонија може да се категоризира како внатрешен долг кој што е долг на заемодавателите во земјата, а надворешен долг оној што се должи на странските заемодаватели. Како што објаснуваат економистите уште една заедничка поделба на државниот долг е врз основа на времетраењето додека не се исплати отплатата.

-Краткорочниот долг обично се смета за една година или помалку, а долгорочниот долг е повеќе од десет години. Среднорочниот долг паѓа помеѓу овие две граници. Пошироката дефиниција на државниот долг може да ги разгледа сите државни обврски, вклучувајќи идни исплати на пензии и плаќања за стоки и услуги кои владата ги склучила, но сè уште не се платени – велат експертите и дополнуваат дека се создава долг и со издавање хартии од вредност, државни обврзници и сметки.

Според нив помалку кредитоспособни земји, како што е и Македонија тие позајмуваат директно од наднационални организации, како што е Светска банка или меѓународни финансиски институции, како што е ММФ.

(В. Ма.)