Македонската ракометна репрезентација го претрпе и четвртиот пораз во низа на Светското првенство во Германија и Данска и нема да го подобри пласманот од пред две години во Франција. Во разигрувањето за пласман, Македонија загуби од Русија со 30:28 (13:16).
Најефикасни во македонската селекција беа Кире Лазаров со девет и Пешевски со пет гола, а кај Русија се истакнаа Житников со осум и Калараш со четири погодоци.
Утре нашата репрезентација ќе се бори за 15. место со поразената селекција од дуелот Чиле – Катар.