Македонија го чествува Св. Климент Охридски

11

Денешниов празник е повод и да се сетиме дека не треба да чекаме да дојде некој нов Св. Климент бидејќи тој живее во нас. Треба да го разбудиме Светиклиментовото во секој од нас, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод Свети Климент Охридски.

Дополнително, во честитката се истакнува да им се помогне на сегашните и идни генерации да напредуваат и да успеваат само со своите знаења, вештини и квалитети, а не со врски, книшки и протекции“.

И премирот Мицкоски оддаде почит за големо духовно-просветителско дело на Св. Климент Охридски.

„Денес кога се соочуваме со бројни предизвици потребно е го следиме неговото дело кога со сплотеност и единство ги надминуваше и најсилните пречки. Свети Климент стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идното време, порача премиерот.

Честитка за големиот празник упати и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Ние ја продолживме светиклиментовата мисија и денес македонскиот јазик е на рамноправно рамниште со јазиците на земјите членки на ЕУ, во НАТО и во ОН. Но, секое време има потреба од идејност и решителност и правецот за сите се прогресот и заедништвото“, напиша опозицискиот лидер на социјалните мрежи.

Собранискиот спикер Гаши порача дека толкувањата на Св. Климент „гладен да нахраниш, жеден да напоиш, патник да прибереш и гол да облечеш, чест на презвитери да направиш…“ и денес длабоко се врежани во секој наш ден, постапка и стремеж да чиниме добрина. На овој голем празник да се навратиме на суштината, на темелите на човештвото и да ја шириме добрината, обединето да чекориме кон вредностите за кои беседел Свети Климент.

Честитки за чествувањето на Св.Климент Охридски стигнуваат и од други политички партии и фунцкионери.