Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде дополнително ослабена ноемвриските квалификации за Европското првенство и дуелите против Литванија. Имено, селекторот Александат Јончевски нема да може да смета на двајцата евролигашки кошаркари, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс, кои во ист период ќе ги бранат клупските бои на мечеви во Евролигата. Оваа информација ја потврди плејмејкерот на Олимпија Милано, Димитријевиќ.
- Нема да го играм првиот натпревар од квалификазиите (21 ноември). Истиот ден играме со Макаби во Евролигата, па нема да бидам достапен за натпреварот во Скопје. Се надевам дека ќе играм во Литванија (три дена подоцна). Се надевам дека ќе бидеме конкурентни, таа победа би била важна за нас. Би сакал да се пласираме на Евробаскетот, истакна Димитријевиќ.