(Видео) Гостиварци се збогуваат со загинатите во автобуската несреќа

70

Стотици жители на Гостивар се собрани пред Општината, каде што се одржа комеморација по повод загинувањето на 14 луѓе во автобуската несреќа вчера кај Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово. Тие се збогуваат од загинатите, чиј идентитет не е официјално соопштен. Отворена е и книга на жалост, во која се потпишуваат жителите на Гостивар изразувајќи сочувство за загинатите во несреќата. Повеќето од оние што починале во несреќата, според неофицијалните информации, седеле во задниот дел од автбусот.

Во Гостивар се веќе поставени и некролози на некои од загинатите во трагичната несреќа.

На денешната комеморација се обратија градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов.

„Велат дека катастрофите ги зближувуваат луѓето, нека биде и оваа таква. Ова е најтешкиот говор во мојот живот“, рече Таравари.