Доколку мерките од четвртиот пакет го придвижат стопанството тоа ќе значи и поголема работа и за превозниците во државата и надвор од незините граници. Со тоа ќе се зголеми капацитетот со кој работат, а кој сега се движи меѓу 60 и 70 проценти, велат од Асоцијацијата на транспортни превозници Макам-транс.
-Четвртиот пакет мерки генерално би можело да се каже дека ќе овозможи мало олеснување во однос на вршење на дејноста превоз, од аспект на можност за добивање средства за плати на вработените согласно падот на приходите , одложување на исплата на кредитите кои зе земени во претходниот период и сите фискални давачки кои се донесени од аспект на одложување за плаќање или намалена наплата на камата за доцнење при нивна исплата, изјави за МИА Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс.
Ослободување од плаќање надомест за лиценци за вршење дејност е мерка која би требало да важи и да ги опфати сите превозници, а не само на оние на кои во овој период им истекува рокот на важност на лиценците, кои од 2018 година се издаваат со важност од пет години.
-Генерално земено доколку сите овие мерки го придвижат стопанството ќе значи и поголема работа и за превозниците во државата и надвор од незините граници. За овој период најбитна е дневната ликвидност затоа што превозниците за да ја вршат својата дејност мора да имаат ефективни парични средства за да одат на пат, за да ги регистрираат возилата, извадат зелени карти и сл. Заживување на целото стопанство, подобрување на наплата на превознина ќе биде предуслов за опстанок на голем број превозници, изјави Муратовска.
Според кажувањата на превозниците, тие засега работат со 60 до 70 проценти од капацитеот, но, како што вели, има и такви што работат со 100 проценти, а кои превезуваат лекови и храна.
Со мерките што ги усвои Владата, меѓу останатото, се предвидува да продолжи поддршката за исплата на платите. Најавената мерка за помош за исплата на плати ќе се спроведува скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. тоа ќе се пресметува за периодот од април до август годинава споредено со истиот период од минатата година.
Компаниите кои ќе прикажат пад од 30 до 40 проценти ќе добијат 14.500 денари поддршка, тие со пад од 40 до 50 проценти 15.955 денари поддршка, од 50 до 60 проценти 17.410 денари, од 60 до 70 проценти 18.865 денари, од 70 до 80 поддршка намален приход ќе добијат 20.320 денари, а тие со над 80 посто намален приход ќе добијат 21.776 денари поддршка за секое работно место.Мерките опфаќаат и продолжување на лиценците за работа за компаниите од транспортната заедница.
Според најавите, за олеснување на работењето на компаниите ќе има дополнително одложување на отплата на кредити,а до крајот на годината во соработка со стопанските комори, ќе се утврди листа од приоритетни парафискални давачки, како што се надоместоци, такси, дозволи, лиценци, плаќања за издвојување средства по разни основи и нивно тековно намалување и/или укинување на некои од нивНајавена е и мерка од сферата на даночната политика – Зголемување на прагот со кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка и зголемување на прагот со кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход.л