Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди повлекување на сите венецуелски дипломати од САД и затворање на амбасадите и конзулатите во таа држава, и покрај одбивањето на американските власти да ги повлечат своите дипломати од Венецуела по негово барање.
Мадуро синоќа рече дека американските официјални лица „ако имаат малку разум“ ќе ги повлечат своите дипломати од Каракас наместо да не ја почитуваат неговата наредба.
САД му одговорија на Мадуро дека нема овластување да протерува дипломати од Венецуела.
Вашингтон го поддржува претставникот на опозицијата кој се прогласи за технички претседател, Хуан Гуаидо наместо Мадуро за кого тврдат дека функцијата ја зачувал на нелегитимни избори. Гуаидо е поддржан и од голем број држави од Јужна Америка.