Поп дивата Мадона (64) ги објави првите фотографии по излегувањето од болница и борбата за живот.
Таа на својето „стори“ на Инстаграм позираше со плишана играчка, а обожавателите ширум светот се воодушевени од нејзиниот изглед и коментираат дека изгледа „посвежо од порано“.
Да потсетиме, на крајот на јуни кралицата на попот беше хоспитализирана, а потоа се проширија приказни дека нејзината состојба не е резултат на напорни тренинзи и подготовки за настапи, како што информираа од тимот на Мадона.
Radar Online напиша дека Мадона ја вратиле во живот со инекција налоксон, која се дава кога ќе дојде до предозирање.
View this post on Instagram