Театар-Штип соопшти дека театарската претставата за деца „Магична симфонија” од авторката Весна Куслеска, а во режија на Никола Ристов, премиерно ќе биде изведена на 17. декември во 19.00 часот на матичната сцена на Народниот театар – Штип. Додека пак, првата реприза е закажана на 18. декември (среда).

Во претставата играат: Миле Вратеовски, Анѓелка Нашкова, Мирко Голомеов, Стефанија Митовска, Милорад Ангелов, а гласот на цвеќето: Елена Шорова Дербов.

Композитор е Илија Ќосевски, костими: Ирена Китанова Мирасчиева, кореографија: Марија Минчева Андонов, сценографија и анимации: Никола Ристов и дизајнот е на Анѓелка Нашкова.