„Луј Витон“ има сопствен чоколаден намаз – тегличката со луксузни и уникатни состојки може да достигне цена и до 470 евра/видео

80

„Луј Витон“ има сопствен чоколаден намаз, а оваа луксузна верзија на омилената „нутела“, која се произведува од најквалитетни состјки како француски лешник, ванила Реунион и перуанско млечно чоколадо.

Понекогаш дизајнерските марки го прошируваат своето влијание на индустријата на храна и пијалаци. На пример, Диод има свои кафулиња во градовите како Париз, Сеур и Токио. Луј Витон исто така тој тренд, покрај екскузивните модни производи, отиде чекор подалеку од отворањето кафулиња. Неодамна воедоа луксузна верзија на омилениот чоколаден намаз, што брзо го привлече вниманието на социјалните мрежи и го поттикна љубопитството меѓу корисниците на социјалните мрежи.

Овој чоколаден намаз од лешник е создаден во соработка со слаткарот Масимо Фредерик, кој е главен шеф во кафулето Луј Витон во Париз. Фредерик стана познат по создавањето на чоколадните десерти кои се инспирирани од симболите и наследството на куќаа Луј Витон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HIGHSNOBIETY (@highsnobiety)

Еден корисник на ТикТок сподели дека намазот има силен вкус на ванила и дека лесно може да се каже дека е направен од висококвалитетни и скапи состојки. Тој, меѓутоа, рече дека „не може да замисли да потроши 400 фунти за ова“.
Овој производ е достапен само во нивните кафулиња во Париз и Сингапур. Намазот на Луј Витон се продава по цена од 30 евра за шишеце од 330 грама. Меѓутоа, поради големата побарувачка и ограничените залихи, цената на овој прозивод на пазарот за препродажба нагло порасна. На ебеј цените достигнуваат и 500 долари, односно 470 евра, иако може да се пронајдат и по пониски цени.