Луѓето родени во септември сè посебни – еве и зошто

320

Септември е месец кога летото си заминува, а доаѓа есента. За децата родени во септември се вели дека имаат многу невообичаени карактеристики и уникатни квалитети кои ги разликуваат од родените во останатите 11 месеци од годината.

Се разбира, тие имаат многу од карактеристиките на двата хороскопски знаци овој месец – Девица и Вага, но сепак можеме да истакнеме некои нивни особини кои немаат толку заедничко со астрологијата.

Најопшто за нив е дека се интелектуалци дека се многу критични и пребирливи и дека се работохолици. Тие имаат тенденција да ја комбинираат логиката со интуиција и така да се справуваат со животот воопшто.

Често овие индивидуи се класифицирани како “перфекционисти”, а некои од нив се претвораат во хипохондрици.

А еве и какви други квалитети е веројатно да најдете во познатите, кои се родени во септември:

1. Тие се сигурни, лојални и коректни кон партнерите во професионалниот, а и во приватниот живот.

2. Овие луѓе се многу внимателни, сакаат да ги организираат и систематизираат сите во својот живот. Тие секогаш обрнуваат внимание на деталите.

3. Родените во септември сакаат да ги посочуваат грешките на луѓето околу себе. Тие не се плашат да ги критикуваат останатите и така понекогаш си заработуваат непријатели.

4. Овие луѓе зборуваат тивко, но го прават тоа навистина добро. Тие се вешти оратори и комуникатори и често се реализираат во научните, медиумските и правните кругови. Генерално се скриени лидери.

5. Родените во септември луѓе се однесуваат мило и се симпатични. Тие се загрижени за околината и често се во помош на блиски. Во исто време се озборувачи и – сакаат да знаат сè за секого.

6. Овие луѓе имаат добра меморија, паметни се и во принцип се начетени и образовани.Тие имаат потреба од информации и сами ги бараат.

7. Овие личности сакаат да го контролираат животот на околината, што ги прави малку незгодни за да издржат.

8. Луѓето родени во деветтиот месец од годината, се динамични и со спортска природа. Покрај тоа, тие сакаат да патуваат и да истражуваат нови територии во слободното време – имаат авантуристички дух.

9. Тие се малку прикриени во однос на емоциите – претпочитаат да не покажуваат чувства премногу очигледно.