Рускиот тенисер Данил Медведев направи рутинска работа на стартот на Вимблдон, откако го совлада Александар Ковачевиќ, за неполни два часа игра со 6:3, 6:4, 6:2. Следен ривал ќе му биде Александре Милер (Франција) и тој е апсолутен фаворит и на тој меч. По завршувањето на првиот круг тој одржа задолжителна прес-конференција. На која прво зборуваше за самиот натпревар и Вимблдон, а потоа доби прашање за кое размислуваше малку.

Новинарите го прашаа дали повеќе сака да игра натпревари во два или три сета.

„Отсекогаш сум велел дека разбирам зошто е поголем спектакл кога се игра со три освоени сета, но претпочитам два освоени сета, тоа е мое мислење. Немам валидно објаснување зошто, тоа е само нешто што го сакам. Вистината е дека интензитетот и психичкиот и физичкиот е поголем кога се играат пет сета, така беше на Австралија опен оваа сезона каде што победив во некои мечеви по пет сета и тоа се некои посебни спомени“.

Тој беше прашан и кои се неговите причини за тоа.

-Пет сетa се многу потешки за телото, може да се повредите. Слушнав разни коментари на телевизија, кога натпревар од пет сета трае пет часа, одлично е од гледна точка дека ќе остане во историјата. Сепак, исто така има, на пример, натпревар кој е полн со осцилации, четвртиот сет, трае три и пол часа и многу луѓе престануваат да гледаат или повремено само гледаат, влегуваат и излегуваат, исто така е лошо за преноси, затоа што не знам кога може да заврши претходниот натпревар, истото од аголот на играчите, кажа Медведев и додаде:

-Се чини дека сакаат да направат револуција во тенисот.Сето ова се мали детали, затоа ми е добро да играм три сета. Можеби ќе имавме повеќе рекорди доколку се игра во два добиени сета, бидејќи и тоа е убаво. Би рекол дека сум некаде помеѓу тие два избори, но да се потпреме малку повеќе на тоа да направиме три, а не пет сета“.