Францускиот фудбалер Килијан Мбапе застана во одбрана на својот нов соиграч, Мауро Икарди.
Аргентинецот оваа сезона се пресели во ПСЖ од Интер, каде првично беше капитен, а потоа беше избркан од првиот тим.
Многу се зборуваше за карактерот и однесувањето на Икарди, но Мбапе посочува дека Мауро нема да има проблеми во Париз.
- Луѓето го судеа за работи надвор од теренот и не се обидоа да го запознаат како личност. За мене, тој е многу интересен, но и срамежлив. Тој со врвот на прстите влезе во нашата соблекувална и веднаш почна да дава сè за тимот, истави Мбапе.
Младиот Французин им порача на своите клупски колеги да му посакаат добредојде на Икарди, се со цел да се чувствува прифатено.
- На нас ни преостанува да му помогнеме што полесно да се прилагоди. Тогаш, кога тоа ќе се случи, ќе постигне многу голови за нас, појасни поранешниот член на Монако.