Луѓето во светот повеќе им веруваат на своите роботодавачи, отколку на владите

59

Луѓето во светот имаат поголема доверба во своите компании отколку во политичките лидери, покажа истражување кое во исто време укажа на доминантна несигурност и песимизам пред Светскиот економски форум во Давос.

Годишното истражување „Еделман Траст Барометар“  (Edelman Trust Barometer) покажа дека секој петти човек верува дека економскиот, политичкиот и социјалниот систем работат за него, додека речиси 60 проценти сметаат дека трговските конфликти имаат негативно влијание врз нивните компании и ги загрозуваат нивните работни места.

Вкупно 75 отсто од испитаниците рекле дека им веруваат на нивните работодавачи, во споредба со 48 проценти кои имаат доверба во владите и 47 отсто во медиумите.

Песимистичките расположенија се поинтензивни на развиените пазари, предводени од Јапонија, каде што голем број луѓе не веруваат дека ќе живеат подобро за пет години. Следува  Франција со 79 отсто, па Обединетото Кралство со 72 проценти. Тоа е далеку над просекот од 49 проценти за истражувањето во кое биле опфатени 27 земји.

Оптимизмот е на повисоко ниво во САД, каде речиси половина од јавноста смета дека ќе живеат подобро за пет години.