„Луфтханза“ ја купува италијанската ИТА „Ервејз“ за 325 милиони евра

238

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ ќе купи 49 отсто од акциите на италијанската национална авиокомпанија ИТА „Ервејз“ за 325 милиони евра.

Ова е епилог од неколкумесечните преговори меѓу „Луфтханза“ и италијанското Министерство за економија и финансии од каде соопштија дека Европската комисија ја добила целата барана документација пред крајниот рок кој истече во вторник на полноќ.

„Луфтханза“ претходно купи 41 процент од акциите на ИТА „Ервејз“ со опција во иднина да ја зголеми сопственоста на 100 отсто.

 

ИЗДВОЕНИ