Со вистински бои на ѕидовите, со перници кои имаат специфична текстура и дезен, со убаво средени полици и добри детали ќе имате дом кој ќе сакате да го покажувате
За да изгледа вашиот дом луксузен и скап, не треба да купувате премногу скап мебел или да ангажирате професионалец, доволно е да вложите малку пари во некои детали и да следите неколку основни правила.
Боењето на ѕидовите не е толку скапо и прави неверојатна разлика! Освежете барем една просторија со боите како што се беж, светлосина или светлосива и целиот нејзин изглед ќе се смени.
Детали кои често ги занемаруваме, а всушност се првото нешто што го гледате во бањата и кујната! Ако сакате вашиот дом да изгледа скап и луксузен, време е да ги фрлите сите излитени крпи и да ги замените со нови во светли бои или со интересни дезени. Кога купувате, изберете ги оние што ќе ги користите со задоволство!
Ако сакате вашата бања да изгледа луксузно и елегантно, чувајте го вашиот личен прибор внатре во полиците.
Никогаш не ги ставајте на еден кауч сите перници што ги имате од различни комплети или што ги купивте во едно парче. Изберете ги оние што одат добро едни со други и со остатокот од ентериерот, но слободно мешајте бои и текстури.
Уметничките дела се секогаш најдобри детали за ѕид, но денес во дизајнот на ентериерот не се ограничуваме само на слики од познати уметници. Всушност, можете да направите убави детали сами за малку пари – да купите големи рамки, да ја испечатите саканата фотографија, да ја врамите во рамка и да ја закачите на ѕидот!
Полиците за книги не се само за книги. Преполните редови на книги во домашната библиотека долго време се сметаа за немодерни. Додадете повеќе детали – наредете неколку книги исправно, потоа поставете убава рамка или фигура, а потоа наредете неколку книги, но овој пат хоризонтално… Играјте се како што сакате.
Никогаш не блокирајте природна светлина со мебел. Ова значи дека не треба да се поставуваат комоди и полици до прозорецот. Подобро е да донесете убав стол и маса на тоа место, каде што ќе уживате во читање книга на природно светло.
Еден од деталите што луѓето најпрво го забележуваат кога ќе влезат во нечија соба се завеси. Затоа, тие нека бидат елегантни, но нежни и со понеутрална боја, како бледозлатна, розова, беж… Единствениот услов е да не бидат најлон или пластика!
Никогаш не чувајте трпезариска маса или масичка во дневната соба целосно празни. Ставете вазна со прекрасен букет цвеќе во средина на големата маса, и убав детаљ на масичка, како свеќа во убав држач. (M.A.)