Луксузната лондонска стоковна куќа „Хародс“ им се извини на жените кои велат дека биле силувани од поранешниот сопственик Мохамед Ал Фаед

29
Фото:википедија

Извршен директор на луксузната лондонска стоковна куќа „Хародс“, Мајкл Вард, рече дека „длабоко жали“ што продавница ги изневерила своите  вработени службенички кои велат дека биле силувани од сопственикот на „Хародс“, Мохамед Ал Фаед.

Вард рече дека е јасно дека Ал Фајед „воспоставил токсична култура на тајност, заплашување, страв од последици и сексуално недолично однесување“.

„Ги изневеривме нашите колешки и за длабоко жалиме за тоа“, се додава во соопштението.

Пет жени изјавија за Би-Би-Си дека биле силувани од Ал Фаед, а неколку други пријавија наводни сексуални напади и друго физичко насилство. Адвокатите велат дека тоа го  пријавиле 37 жени, а тој број расте.

Вард рече дека иако „гласовите за неговото однесување кружеле во јавноста, тој не бил свесен за злоупотребата на Ал Фаед“ во текот на четирите години додека работел за сопственикот на „Хародс“.

Лондонската полиција соопшти дека е запознаена со претходните наводи и го испрашала Ал Фаед во 2008 година за наводно сексуално злоставување на 15-годишно момче, но обвинителите не отвориле случај.

Ал Фаед, роден во Египет, се преселил во Велика Британија во 1960-тите и го купил Harrods во средината на 1980-тите. Тој го продаде во 2010 година на компанија во сопственост на државата Катар.

Тој се прослави поради оваа сопственост и затоа што го купи лондонскиот фудбалски клуб Фулам, а уште повеќе затоа што во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година загина неговиот син Доди со принцезата Дијана чија љубовница беше.