Ако се суди според имињата на репрезентациите, тогаш Белгија важи за апсолутен фаворит во групата „Е“. „Црвените ѓаволи“ групната фаза на ЕП 2024 ја стартуваат со дуелот против селекцијата на Словачка и се освен победа на избраниците на Доменико Тедеско ќе биде дефинирано како вистинска сензација. За очекување е Белгија да нападне од првата минута, а најголема опасност пред противничкиот гол би требало да биде двоецот Лукаку – Доку.
-Мислам дека сите се гладни за успех, но мора да имаме позитивна атмосфера од првиот до последниот ден. Исто така мислам дека имаме неколку возбудливи фудбалери, млади кои направија важен чекор во изминатите неколку месеци. Можеме да бидеме доволно флексибилни, во зависност од противникот. Стилот на игра може да биде различен, изјави селекторот на Белгија.
Три часа предходно ќе стартува првиот натпревар од истата група, дуелот помеѓу селекциите на Романија и Украина. Тука ќе нема изразит фаворит и затоа сите опции се во игра. Чврстата обрана би требало да биде главен аут на Романците, додека сите погледи на ураинските фанови ќе бидат насочени кон двоецот од средниот ред, Мудрик – Судаков.
-Ќе бидеме дел од еден голем настан и не смееме да заборавиме дека Украина се пласираше на ЕП 2024 кога земјата е во војна. Многу сум благодарен на украинските навивачи. Ќе дадеме се од себе за нашата земја, сакаме да одиграме што е можно подобро и на најдобар можен начин да ја преставиме Украина во Германија, изјави селекторот на „жолто-сините“, Сергеј Ребров.