Белгискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Ломелу Лукаку, испратил јасна порака до раководните лица дека сака и во следната сезона да престојува на „Олимпико“. Искусниот напаѓач е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Челзи, а актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на римската „волчица“. Калчолигашот има право да го откупи неговиот договор но со понуда не помала од 40 мил. евра.