Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, ја поздрави одлуката на бразилскиот суд да го казни легендарниот Формула 1 возач Нелсон Пике со 950.000 долари за расистички и хомофобичните коментари кон возачот на Мерцедес. Пике употреби расна навреда за седумкратниот светски шампион во интервју во ноември 2021 година.
- Мислам дека на луѓето кои се полни со омраза не треба да им се даде простор да се изразат. Би сакал да и се заблагодарам на бразилската влада што покажа дека такви зборови не можат да се толерираат. Расизмот и хомофобијата се неприфатливи и немаат место во нашето општество и среќен сум што судот го потврди тоа, истакна Хамилтон.