Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ја откри причината поради која се чувствува посреќно и поздраво од порано – тој станал веган.
Според него, специјалната диета помага многу за неговиот силен почеток на сезоната, иако заостанува со бод од својот колега Валтери Ботас откако двајцата забележаа по две победи и два пати завршија на второ место. Финецот има дополнителен бод за најбрз круг.
– Со години имав 68 килограми, но со промена на правилата сега можам да качам неколку килограми, и сега имам 75, а зголемувањето е мускулна маса. Сега можам да јадам повеќе, имам 75 килограми и многу сум посреќен. Додавањето тежина не беше проблем, и покрај мојата веганска исхрана, напиша Луис во Инсаграм.
Од оваа сезона, правилата бараат тежината на возачот со седиштето да биде најмалку 80 кг. и тоа очигледно се одразува многу добро на Луис.
– Луѓето велат дека не можат да се откажат од нивните протеини, но има многу протеини во мојата исхрана, и сега сум посреќен и поздрав од кога и да било. Требаше да почнам многу порано, додаде тој.