Луис Хамилтон: Сакам што порано да ја завршам работата со Мерцедес

46

Луис Хамилтон го бележи најдобриот почеток во својата кариера на стартот на новата сезона во Формула 1. Тој оствари три победи на четири трки и со уште второ место и најбрзи кругови има 94 поени.

Одличниот Британец стигна до 100-та пол-позиција во кариерата на трката за Големата награда на Шпанија, а после тоа успеа да победи по феноменалното возење.

Дека возачот на Мерцедес е сосема поинаков од другите, особено возачите кои допрва доаѓаат, потврдува и неговото мислење и симулаторот. Додека другите поминуваат часови и денови во подготовки за трки на симулатори, Хамилтон воопшто не е заинтересиран за тоа.

  • Ретко возам симулатор. Возам можеби 20 круга годишно, можеби. Не ме интересира симулатор. Работиме на тоа до четврток и петок, а потоа на тренинг во петок и сабота наутро се обидуваме да ги составиме сите тие работи и да го најдеме секое парче од сложувалката, ако дотогаш не било составено. Потоа, доаѓаат квалификациите и тогаш немаме избор, или тие парчиња ќе се соберат или не, само треба да биде составена сложувалката, објасни одличниот Британец.

Хамилтон се двоумеше оваа зима дали да потпише нов договор со Мерцедес или не, а на крајот беше договорена едногодишна соработка. Но, Британецот овој пат откри дека не сака да чека премногу за потпис на нов договор.

  • Никогаш не сакаме да бидеме во позиција во која бевме во јануари, во февруари. Ме уништи цела зима и сигурен сум дека не беше корисно тоа ниту за Тото (Волф), во смисла да се биде надвор со умот и да се релаксирам, па се чинеше како навистина да немавме одмор. Мислам дека треба да бидеме разумни. Секако дека не треба да брзаме, но мислам дека мора да бидеме разумни и да започнеме со нови преговори. Ова се многу сложени разговори. Никогаш не е лесен процесот и се надевам дека ќе можеме наскоро да го постигнеме тоа што го посакуваме, додаде Хамилтон.

Во Мерцедес и двете возачки места се празни за следната сезона, бидејќи договорот на Валтери Ботас истекува на крајот на оваа сезона.