Луис Хамилтон заработува повеќе од Кристијано Роналдо

77

Многумина љубители на спортот веруваат дека фудбалерите се најплатени, а зад нив дека не заостануваат ниту тенисерите. Но, светскиот шампион во Формула 1, Британецот  Луис Хамилтон, го „фрла“ тоа во вода. Британецот по долги преговори во јули потпиша договор со Мерцедес до 2020 година, а условите во него се фантастични. Хамилтон добива 30 милиони фунти годишно, со дополнителни 10 милиони фунти „достапни“ преку бонуси.

Ако ова се раздели на годината, 33-годишниот Хамилтон заработува неверојатни цифри – 4.600 фунти по час, 109.000 фунти дневно или 3.333.333 фунти секој месец!

За споредба, ова се 10 милиони фунти повеќе од парите кои фудбалската суперѕвезда Роналдо ги заработува во Јувентус.

-Јас сум дел од тркачкото семејство на Мерцедес веќе 20 години и никогаш не сум бил посреќен, изјави тогаш Хамилтон.