Екипите на Хјустон, Атланта, Денвер и Минесота договорија голема размена на кошаркари. Овие четири клубови разменија дури 12 играчи, со што овој трејд е најголемиот уште од 2000 година, кога Патрик Евинг беше трејдуван во Сиетл.

Атланта ги доби Клинт Капела и Нене од Хјустон, додека „ракетите“ ги добија од Минесота – Роберт Ковингтон и Џордан Бел, како и избор на втората рунда од драфтот. Во Минесота заминаа Еван Тарнер (Атланта), Малик Бизли, Хуанчо Ернангомез и Џаред Вандербилт (сите од Денвер), како и избор од првата рунда на драфтот. Во Денвер завршија кошаркарите на Хјустон – Џералд Грин и избор од првата рунда на драфтот како и троецот од Минесота – Ноа Вонл, Шабац Нејпер и Кеита Бејтс-Диоп.