Лос Анџелес: Задолжителна вакцинација на 630.000 ученици

21

Учениците во Лос Анџелес на возраст над 12 години мора да бидат вакцинирани против коронавирусот пред да се вратат на училиште следната година по зимскиот распуст.

Управниот одбор на Обединетата училишна област во Лос Анџелес вчера изгласа дека се очекува да се вакцинираат речиси сите 630.000 ученици. Оние кои се занимаваат со спорт и други воннаставни активности до крајот на октомври, и сите други до 19 декември.

Учениците кои нема да покажат потврда за вакцинација, ќе им биде забрането да посетуваат настава во училниците по завршувањето на зимскиот распуст на 11 јануари. Тие ќе мора да посетуваат настава на далечина според независната студиска програма на ЛАУСД.

– Не станува збор за кршење на нечии права. Станува збор за извршување на нашата работа за да можеме да обезбедиме во јавните училишта децата да доаѓаат на настава и да бидат безбедни, изјави членот на училишниот одбор Моника Гарсија.

Училишниот систем во Њујорк, кој е најголем во САД, одреди задолжителна вакцинација за само 20.000 ученици спортисти во одредени спортови за кои се смета дека се изложени на висок ризик од ширење на коронавирусот, како што е борењето.

Американските регулатори ја одобрија употребата на вакцината Фајзер/БиоНТек против Ковид-19 за деца од 12 до 15 годишна возраст.