На 29 октомври, од 20 часот, во Кинотека ќе се прикаже британско-американскиот игран филм „Личната историја на Дејвид Коперфилд“ во режија на Армандо Јанучи.
Филмот преставува адаптација на еден од најомилените ликови на Чарлс Дикенс. Дејствието е сместено во викторијанскиот период (19 век) и го следи Дејвид Коперфилд од неговата рана младост до средното доба. Младиот Коперфилд е сведок на социјалната неправда, која е изразена во многу форми – недостаток на заштита на децата, лоши услови за работа на работничката класа и сиромаштијата. Сепак, кај Коперфил се раѓа талентот за раскажување и пишување, па неговото одраснување, иако во трагични услови, сепак не е лишено од хуманоста.
Ликот на Коперфилд го игра индискиот актер Дев Пател, а Јанучи во филмот ги обединил и Тилда Свинтон, Питер Капалди и Бен Вишов, но и Хју Лори. Според критиката се работи за една од најдобрите екранизации на делото на Дикенс на големото платно кои се видени досега. Филмот го отвои 63. Лондонски филмски фестивал.