Лицата со попреченост со придружник ќе се движат викендов од 11 до 13 часот

84

Владата на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.

– За овие наши граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19 до 20  часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11 до 13 часот. Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди – соопштија од Владата.