Лицата со попреченост се спречени во движењето во јавниот превоз во Скопје

58

Коалицијата „Менуваме“ реагира, зошто Град Скопје и ЈСП не обезбедуваат пристапен јавен превоз за лицата со попреченост и бара средба со градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈСП, Александар Стојковски, со цел надминување на проблемот.

– Говорниот синтетизатор за лицата со оштетен вид е надвор од функција, уништен е, рампите за оние со телесна попреченост не работат,  а автобуските постојки се непристапни. Во македонската метропола, ако имаш попречен вид, телесна попреченост и друга попреченост, имаш минимална достапна подвижност – велат оттаму.

Од Коалицијата „Менуваме“ посочуваат дека минатата година понудиле системско решение за поквалитетен, безбеден, навремен превоз за лицата со попреченост, но до ден-денес нема одговор на нивното барање. Најавуваат дека ќе ги известат сите институции во земјата и во странство со цел да престане, како што велат, дискриминацијата кон лицата со попреченост од страна на Арсовска.