Правничката Лиса Баута деновиве преку фејсбук статус им се обрати на Артан Груби и Билал Касами, во врска со нивниот предлог да се субвенционираат приватни фирми кои ќе вработуваат Албанци.
Според неа, ова е омаловажувачки и деградирачки кон Албанците и се води единствено до популистички причини. Ова е нејзиниот статус:
„Артан Груби ветил субвенции за приватни фирми кои ке вработуваат Албанци (читај и други малцинства) додека Билал Касами побарал двојазичност во приватни фирми зошто дел од албанците не знаеле македонски!
Значи дечки, да се разбереме! Прво, ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости а фала богу здрави и прави, и конкурираме на трудовиот пазар еднакви и со македонци и со германци и други, и тука и во странство!
Не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.
Тоа што вие како партија можете да направите е барем мало делче на кадарот што го вработувате да не биде делегиран од вашата партија, туку да им се даде еднаква шанса на сите Албанци, без разлика на тоа има или нема вложено труд за партијата (или поседува или не партиска книшка)., пишува Баути.
Второ, ретко кој дипломиран албанец не знае македонски. Тие што студирале надвор од државава може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.
Двојазичност не можете да наметнете кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука.
Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски јазик и албански, па се до поголеми фирми.
Конечно, престанете да не омаловазувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште по инфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на македонците. Фалеминдерит шум, пријатно!“