Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар, има голем проблем со сотавот пред првите два кавлаификациски натпревари за ЕП 2022, а главниот виновник е коронавирусот.

Доаѓањето во репрезентацијата поради коронавирусот го откажаа Иван Пешиќ, Давид Мандиќ, Јосип Божиќ – Павлетиќ, Марин Шипиќ, Матеј Хрстиќ, Мате Суњиќ, Матеј Ашанин, Валентино Равниќ, Ловро Михиќ, Игор Карачиќ и Марко Мамиќ.

Некои од овие ракометари се позитивни на коронавирусот, а некои се во самоизолација заради позитивни случаи во совите клубови.