Лилјак предизвика паника во авион за САД, се вратиле во Индија/ВИДЕО

176
Авион на „Ер Индија“ на пат кон Соединетите Држави беше принуден да се врати во Њу Делхи откако патниците на летот доживеале блиска средба со лилјак, беше објавено во саботата.

На индиските социјални мрежи се појавија видеоснимки на кои екипажот и патниците шокирано гледаат во лилјакот, кој лета низ „боингот 737“.

Авионот тргнал од Делхи кон Њуарк рано во четвртокот според распоредот, но лилјакот бил забележан дури по околу еден час во воздух, објави новинската агенција АНИ. Тогаш капетанот решил да се врати во Њу Делхи.

Претставници на индиската цивилна авијација соопштија дека авионот се вратил и бил дезинфициран.Лилјакот бил пронајден мртов во одделот за деловна класа, изјавија официјални лица за АНИ.

Одделот за безбедност на летовите на авиокомпанијата ќе спроведе детална истрага.Сепак, „Ер Индија“ во својот прелиминарен извештај соопшти дека можноста „несаканите цицачи“ да влезат во авионите доаѓаат од возилата од трети страни, како што се оние што се користат во угостителството.

Патниците биле пренесени во друг авион, кој со задоцнување слетал во Њуарк.