Лидерот на Хезболах, Наим Касем, во денешното обраќање вети дека оваа група ќе возврати на израелските напади врз либанската престолнина, пренесува Ал Џезира.
Тој, исто така, призна дека Хезболах претрпе загуба кога поранешниот водач на групата, Хасан Насрала, беше убиен во израелски напад.
Тој нагласи дека групата е одлучна и отпорна и дека нејзините борци можат да дејствуваат насекаде и да се спротивстават на израелските сили.
„Ја демонстриравме нашата цврстина, непоколебливост, храброст и бестрашност, до таа мера што некои од нашите борци се натпреваруваат да бидат распоредени на линијата на фронтот“, рече тој.
Касем изјави дека преговорите за прекин на огнот ќе продолжат се додека не се постигнат следните цели: целосен и траен прекин на огнот и зачувување на суверенитетот на Либан.
„На крајот на денот, Израелците очекуваат да постигнат победа што не успеаја да ја постигнат на теренот“, рече тој.
„Доколку преговорите пропаднат, ќе ја продолжиме борбата. Оние кои тврдат дека ова е војна на трошење, да, точно е, но трошење на непријателот на Израел. Способни сме и ќе издржиме“, додаде Касем.