Либански сос прогласен за најдобар на светот: Се прави од само 3 состојки, а совршено одговара со секое јадење/ВИДЕО

75

Гастро водичот Taste Atlas го прогласи либанскиот тум за најдобар сос на светот – едноставен сос од лук кој ќе ве освои со својата едноставност и богатство на вкус, пренесува nova.rs.

Доколку сакате да ги освежите вашите кулинарски вештини и да пробате нешто ново, овој сос е вистинската работа за вас. Taste Atlas ја претстави листата на 100 најдобри сосови во светот, а Toum го зазеде првото место. Се што ви е потребно за да го подготвите е лук, масло и лимон – состојки кои веројатно веќе ги имате дома.

Подготовката е многу едноставна: лукот прво внимателно се пасира или може да се користи блендер, додека постепено се додава масло за да се добие мазна, кремаста паста. На крајот се додава сол и сок од лимон, со што оваа смеса добива богата арома и уникатна текстура.

Овој сос е совршен како додаток на различни јадења – од пилешко, јагнешко до говедски специјалитети. Посебно е популарен во традиционалните либански рецепти како што се пилешки раженчиња или шаварма, но може да се користи и како маринада или прелив за салата.

На второ место на листата е колумбискиот сос „хогао“, направен од домати, млад кромид и коријандер, додека на трето место е препознатливиот болоњезе сос.