Ле Дриан: Талибанците преговараат со Катар и Турција за управување со аеродромот во Кабул

25

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска изјави дека талибанците преговараат со Катар и Турција за управување со аеродромот во Кабул и оти треба што побрзо да обезбедат луѓето што сакаат да го напуштат Авганистан да го сторат тоа со комерцијални летови.

– Резолуцијата на Советот за безбедност за гарантирање на премин мора да се спроведе. Во тек се преговори меѓу талибанците со Катар и Турците за управување со аеродромот. Мораме да бараме пристапот до аеродромот да биде безбеден, изјави Ле Дриан за француска телевизија.

Шефот на француската дипломатија рече дека Франција ќе продолжи да врши притисок врз талибанците, но не и да преговара со нив.