Лечи катаракта, а е лесно достапна и евтина: Ваш сојузник за добар вид е оваа намирница

209

Една храна која е достапна за секого има позитивно влијание врз здравјето на очите.

Летото одамна започна, а со тоа и сезоната на пченка. Оваа храна често се јаде во топлите месеци, а многумина не знаат колку е здрава за организмот.

Имено, пченката е одлична за превенција од многу болести, особено оние кои ги зафаќаат органите на видот.

Според Еугенија Шрајнер, гастроентеролог од Институтот за хемиска биологија на Руската академија на науките, пченката е богата со лутеин и зеаксантин, кои го спречуваат развојот на катаракта и макуларната дегенерација поврзана со стареењето.

„Вклучувањето на пченката во вашата исхрана може да ве спаси од скапа операција на очите“, рече таа.

Истражувањето спроведено од американски научници, во кое учествувале 365 луѓе на возраст од 55 до 80 години, ги докажало несомнените придобивки од пченката.

„Оние кои консумирале најмногу каротеноиди, особено лутеин и зеаксантин, имале 43% помали шанси да развијат катаракта и макуларна дегенерација поврзана со стареењето отколку оние кои консумирале малку“, вели д-р Шрајнер.

Според WebMD, пченката е нискокалорична и богата со јаглени хидрати, амино киселини, витамини од групата Б, фолна киселина, ниацин, фосфор, калиум и магнезиум. Покрај тоа што има корисен ефект врз здравјето на очите, го намалува ризикот од болести на срцето и циркулаторниот систем, помага за регулирање на движењата на дебелото црево, управување со нивото на шеќер во крвта и го забрзува метаболизмот.