Лет од Мароко до Лондон се претворил во „бегство од пеколот“: Авионот принудно слетал поради масовна тепачка меѓу патниците

359

Масовна тепачка избила меѓу патници на летот на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ од Агадир, Мароко до Лондон, поради што пилотот принудно слетал, објави денеска „Њујорк пост“.

Весникот наведува дека инцидентот кој се случил на 3 јули започнал уште пред полетувањето кога еден од патниците побарал да го смени седиштето.

Тепачката се случила на летот за лондонскиот аеродром Станстед, а патниците врескале еден на друг додека персоналот на авиокомпанијата давал се од себе за да ги смири патниците.

„Беше толку стресно. Тоа беше како бегство од пеколот. И се ескалира кога еден патник сакаше да го смени седиштето“, вели еден патник.