Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одреди судиите за Ф4 турнирот во Келн, па така на македонскиот шампион Вардар во полуфиналето со Барселона ќе му судат летонските судии Зигмар Сондор и Ренар Лицис.

Фајнал форот како и минатите сезони се игра во Келн на први и втори јуни. Средбата Вардар – Барселона ќе се игра од 18 часот, а победникот од овој дуел ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Веспрем и Киелце кој е на програмата од 15 часот.